Сподели:

Министерот Манчевски на ITU Телеком ја промовира Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор

Будимпешта, 09 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски од денеска е дел од светската конференција- ITU Телеком, што се одржува во Будимпешта Унгарија, каде ги промовира условите кои ги нуди Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор.

Во рамки на официјалната посета, делегацијата предводена од министерот Манчевски, ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Теленор, Orange, AT&T, како и со Дорен Богдан Мартин, директорка на Телекомуникациското развојно биро на ITU и Хулин Жао, генерален секретар на ITU.

Бизнис климата во Северна Македонија и можностите кои ги дава на располагање за странски инвеститори, министерот Манчевски ќе ги презентира и на тркалезна маса, каде ќе присуствуваат претставници на повеќе оператори од Европа, како и дел од најголемите банки и регулатори од областа на електронските комуникации.

Податоците со кои Северна Македонија може да се пофали во областа на ИКТ се следните:

  • €862 мил. - Вредност на пазарот на ИКТ
  • 4% - Придонес кон БДП
  • 47% - Раст на пазарот во изминатите 5 години
  • 18 242 - Вработени во областа на ИКТ
  • Над 600 дипломирани студенти на студии од областа на IT-технологии годишно
  • €945 месечно - Просечна бруто-плата во секторот за телекомуникации  
  • 8,2% -  Раст на пазарот за софтвери на годишно ниво
  • 84,7%  - Раст на пазарот за софтвери на годишно ниво
  • 257 - нови субјекти основани во 2017 година.

Mинистерство за информатичко општество и администрација