Сподели:

Билатерална средба Манчевски-Копривникар

Блед, 4 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на работната посета на Република Словенија, денеска одржа билатерална средба со словенечкиот министер за јавна управа Борис Копривникар. На средбата се разговараше на повеќе теми поврзани со активностите на двете министерства.

Министерот Копривникар ги сподели позитивните искуства на Словенија во делот на имплементацијата наCloud системот и за порталот Е- услуги. Исто така, беа отворени и прашањата за досегашните активности на министерството за јавна управа во правец на реализација на ИКТ стратегијата на ниво на различни институции, стратегијата за широкопојасен интерес и стратегијата за cyber security.

Билатерална средба Манчевски-Копривникар

На средбата двајцата министри потенцираа дека се отворени за соработка во иднина со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето.

Билатерална средба Манчевски-Копривникар

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form