Сподели:

Презентиран прирачник за примена на Законот за општата управна постапка

Скопје, 19 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, организираше работилница, каде беше презентиран прирачникот „Практични прашања и одговори за примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП)“.

Потребата од ваков прирачник произлегува од фактот дека и покрај тоа што новиот Закон за општа управна постапка имаше за цел да обезбеди поефикасни, поедноставни и побрзи управни постапки со помали административните трошоци, во неговата досегашна примена се воочени голем број предизвици.

Презентиран прирачник за примена на Законот за општата управна постапка

Со цел разјаснување на одредени прашања и олеснување на имплементација на овој Закон во секојдневно работење на јавните органи, МИОА со соработка со мисијата на СИГМА, го подготви прирачникот презентиран денеска.

На презентацијата се обрати Билјана Николовска-Жагар, државен советник во МИОА, која зборуваше за заложбите на министерството за надминување на проблемите со имплементација на ЗОУП и за идните чекори и активности активностите што ги презема МИОА во однос на заокружување на регулативата и процесите, коишто ќе овозможат примената на ЗОУП, особено од аспект на комуникација на органите кои одлучуваат во управна постапка по електронски пат.

Во рамки на работилницата зборуваше и Хавиер Систернас, постар советник во правната служба на СИГМА.

Презентиран прирачник за примена на Законот за општата управна постапка

„Демократијата треба да биде во служба на граѓаните, затоа ова е закон што го применуваат институциите, но пред се за граѓаните. Со ЗОУП треба да се направат радикални промени во начинот на размислување и дејствување на администрацијата, но и на граѓаните. Затоа е важна имплементацијата на законот“, истакна Систернас.

Прашањата и одговорите сместени во прирачникот ги презентираше, Жарко Хаџи-Зафиров, адвокат и експерт по управно право. Тој ги повика присутните да даваат свои предлози, забелешки и дополнувања на подготвениот прирачник.

Прирачникот е резултат на поширока расправа, особено со административните службеници кои нужно ги спроведуваат нормите на овој закон во пракса,секогаш кога одлучуваат за правата на граѓаните.

Заклучокот од оваа работилница беше дека и во наредниот период членовите на работната група ќе одржуваат работни средби, од коишто ќе произлезат конструктивни предлози како за прашалникот, така и за измени и дополнувања на ЗОУП.


Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form