Сподели:

Отворена дискусија за подготовка на План за развој на бродбенд мрежи

Скопје, 22 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска отвори панел дискусија за подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија.

Министерот Дамјан Манчевски, се осврна на важноста од подготовка и реализација на оперативен план што ќе придонесе за развој на бродбенд мрежи.

Отворена дискусија за подготовка на План за развој на бродбенд мрежи

„Бродбенд мрежите можат да испорачаат телекомуникациски услуги, медиумски услуги, е-Владини услуги, виртуелни библиотеки, ’паметни’ градови, енергетски мрежи, поврзани возила, и многу повеќе. Бродбендот станува есенцијален елемент за локалните самоуправи во привлекувањето на бизниси, овозможува отворање на нови работни места и значително го подобрува квалитетот на живеење“, информираше министерот.

Министерот Манчевски се осврна и на тоа каде се наоѓа Македонија, на ниво на Европа во однос на развојот на бродбенд мрежите.

„Според последните податоци од ITU и Светска Банка, Македонија во однос на земјите членки од ЕУ сериозно заостануваат и во инвестициите и во користењето на брз и супер брз бродбенд пристап. Само 30,28% од домаќинствата во Македонија имаат покриеност со следна генерација на брзи пристапни мрежи. Тој процент во Европската Унија изнесува 76%.

Отворена дискусија за подготовка на План за развој на бродбенд мрежи

Министерот Манчевски, апелираше дека Македонија не смее да дозволи бродбенд јазот кој постои во однос на останатите земји да продолжи да се зголемува. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ и има обврска да го прилагоди своето национално законодавство и политиките од областа на ICT со оние на ЕУ.

„За да се подготви Националниот оперативен план, ќе треба прво детално да се утврди состојбата на терен т.е да се мапира и анализира целата територија на државата и да се дефинираат областите каде не постојат брзи и супер брзи комуникациски мрежи или нема идни планови на операторите за инвестиции во вакви мрежа“, потенцираше министерот Манчевски. Тој со цел поголема транспарентност и инклузивност во процесот ги повика општините, Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за катастар, операторите и останатите заинтересирани институции да дадат поддршка и помош со цел поуспешно и побрзо завршување на фазата мапирање.

Исто така, министерот Манчевски најави формирање на работни групи и ги повика сите заинтересирани да се вклучат во подготовка на оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија.

Отворена дискусија за подготовка на План за развој на бродбенд мрежи

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form