Сподели:

Работилница за изработка на Национална стратегија за отворени податоци

Скопје, 05 февруари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Центарот за управување со промени, на ден 31.01.2018 година ја организираше втората работилница на работната група за изработка на Национална стратегија за отворени податоци. Изработката на Стратегијата е во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација“, финансиран од Британската амбасада Скопје.

Работилница за изработка на Национална стратегија за отворени податоци

На работилницата беше презентирана првата нацрт-верзија на Стратегијата, по што членовите на работната група работеа на предлози за подобрување на текстот на Стратегијата.

На работилницата зема учество и г-дин Ендру Стот, меѓународен експерт од Велика Британија кој го има имплементирано еден од најпознатите портали за отворени податоци data.gov.uk. Г-дин Стот имаше презентација за политиките за отворени податоци во Велика Британија, и даде свој значаен придонес во содржината на нацрт – Стратегијата за отворени податоци.

Работилница за изработка на Национална стратегија за отворени податоци

Стратегијата има за цел да ја постави стратешката насока за политиките за отворени податоци во Република Македонија, особено процесот на идентификување, каталогизација и приоритизација на податоците од институциите, унапредување на централниот портал за отворени податоци, како и поттикнување на повисок степен на користење на отворените податоците поради подобра транспарентност на државните институции, поефикасни институции, подобри јавни услуги и економски развој на земјата.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form