Сподели:

Министерот Манчевски се приклучи на кампањата Мој ДДВ

Скопје, 06 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се приклучи и ја поддржа кампањата МојДДВ.

Мерката поврат на 15 % од платениот ДДВ ги дава очекуваните резултати.

Заклучно со 5-ти септември, скенирани се вкупно 16,333,516 фискални сметки, и остварен е промет од 8,341,449,275 денари.

Повратот од  15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 135,893,436 денари или 2,210,000 евра.

Исто така, значително подобрување е забележано и во одност на граѓаните кон нерегуларности при издавање на фискални сметки.

Бројот на пријави од страна на граѓаните за нерегуларности со фискални сметки е за 100 % поголем во однос на минатата година.

Граѓаните активно бараат да им се издадат фискални сметки и со тоа учествуваат во намалувањето на сивата економија.

Од почетокот на МојДДВ заклучно до август, наплатата на ДДВ е за 10 % повисока во однос на минатата 2018 година.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form