Сподели:

Северна Македонија и Црна Гора потпишаа Спогодба за признавање на доверливи услуги

Подгорица, 13 септември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за јавна администрација на Р. Црна Гора, Сузана Прибиловиќ, денеска потпишаа Спогодба за заедничко признавање на квалификувани доверливи услуги и на шемите за електронска идентификација.

Оваа Спогодба ќе придонесе да се зголеми соработката и развојот на економските активности помеѓу двете држави и да се забрза процесот на дигитална трансформација.

  • Со потпишување на оваа спогодба, Северна Македонија и Црна Гора, како дел од Берлинскиот процес и Акцискиот план за регионален економски развој во Западен Балкан, покажуваат дека сакаат и можат да работат заедно, односно дека се подготвени да ги совладаме бариерите помеѓу државите во регинот, а потоа и со ЕУ“, потенцираше министерот Манчевски.

На прашањето што во пракса значи потпишувањето на оваа Спогодба, министерот Манчевски истакна: „ ...ова значи дека електронските документи издадени од институциите во Северна Македонија, како што се Централен регистар, Царина, Управа за водење матични книги... ќе бидат подеднакво признаени и во Црна Гора. Истото, ќе важи и за документите извадени по електронски пат во Црна Гора. На овој начин, за граѓаните од двете земји ќе се намалат административните процедури и времето потребно за издвање на овие документи“.

Оваа Спогодба има директно влијание и врз компетентноста на домашните правни лица кои вршат дејност од областа на доверливите услуги, односно со истата се овозможува овие фирми да станат фирми од доверба и конкурентни и на пазарот во Црна Гора.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form