Сподели:

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДИСКУСИЈА

Скопје 23 септември 2019 година

Почитувани,

Во рамки на заложбите за реформа на јавната администрација, во изминатиот период во широк консултативен процес, Министерството за информатичко општество и администрација, работеше на измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Предлог измените, ќе бидат разгледани на јавна расправа, којашто ќе се одржи на 26ти септември (четврток), со почеток во 12.00 часот во Клуб на пратеници.

На јавната расправа ќе учествуваат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Агенција за администрација Спасе Глигоров и Билјана Николовска Жагар, државен советник за јавна администрација во МИОА.

Предлог измените на ЗАС и ЗВЈС, се веќе објавени на ЕНЕР, на следниот линк:

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg&itemid=gLYd0Z7SogLpIjM/VoX69Q==

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg&itemid=jC3TVvDWhw3AYRz2r4R4NA==

Целта на оваа дебата е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки и коментари за измени во законската регулатива.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 25ти.09.2019 до 16.00 часот, на маил: odnosisojavnost@mioa.gov.mk

За сите прашања слободно обратете се на 070 390 118.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form