Сподели:

Министерот Дамјан Манчевски на настанот „Направи робот“ , во рамки на Неделата на кодирање- Code Week во Битола

Битола, 14 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ги посети учениците од битолското основно училиште „Св.Климент Охридски“ кои го реализираат проектот „Направи робот“.  Настанот е во рамки на Неделата на кодирање- Code Week, а е во организација на „Национален центар за развој на иноваци и претприемачко учење“.

„Во рамки на овој проект, секоја година се приклучуваат се поголем број на училишта и ученици, а и Северна Македонија го следи тој тренд. Тоа значи дека младите тука знаат дека иднината е во информатичкото општество, во иновативноста и во постојаното истражување и откривање нешто ново“, истакна во обраќањето пред учениците, министерот Дамјан Манчевски, нагласувајќи дека само преку најновите технологии може да се придонесе за економскиот и социјалниот напредок во дигиталната ера.

Според министерот Манчевски, кодирањето помага да се развијат потребните вештини за живеење во 21 век, како што се компјутерското размислување, решавањето на проблеми, креативноста и тимската работа.

„Многу скоро, 90% од работните места ќе бараат основно ниво на дигитални вештини. Затоа почнувајќи од денеска мораме да работиме заедно, како влада, училишта-наставници, граѓански организации за младите луѓе уште од најрана возраст да развиваат вештини кои им се неопходни да бидат конкурентни на пазарот на труд“, потенцираше министерот Дамјан Манчевски.

Во споредба со лани, бројот на пријавени настани за Codeweek е двојно поголем и изнесува 249, при што Северна Македонија се наоѓа на 7-мо место  по бројот на настани организирани по повод Европската недела на програмирањето. Во рамките на проектот “Meet and Code 2019!” кој што го организира Метаморфозис, има зголемување на бројот на грантови (за настани) од 25 лани на 40 оваа година, а посебна област на Европската недела на програмирање во рамките на “Meet and Code 2019!” е и програмирањето од страна на девојките.

Инаку, за време на работната посета на Битола, министерот Дамјан Манчевски ја посети и новата зграда на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, каде оствари средба со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form