Сподели:

Манчевски: Владата и УПОЗ соработуваат при носењето на измените и новите закони од областа на јавната администрација

Скопје, 14 ноември 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на годиншната конференција за Сидикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани-УПОЗ.

Владата, МИОА и УПОЗ, се во постојана координација и соработка при подготовка на измените на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници, како и при изработка на новиот Закон за висока раководна служба. Само на тој начин возможен е социјален дијалог и синдикална борба.

Министерот Манчевски ги претстави усвоените забелешки доставени од УПОЗ, кои се вклучени во последната верзија на Законот за административни службеници.

„Дел од прифатените забелешки се барањето генералните секретари на самостојните државни органи и други тела основани од Собранието да бидат во опфат на Законот за висока раководна служба, во составот на дисциплинската комисија  да има еден претставник од синдикатите, во институциите во кои постои синдикална организација. Исто така, со новиот концепт на минимална плата се прифаќа и предлогот во однос на категорија Г, како и предлогот за додаток на плата за дополнително доделени задачи(овластување)“, информираше министерот Манчевски.

Покачувањето на платите во јавната администрација се отвори како тема во рамки на отворената дискусија. Како што истакна министерот Манчевски, политиките и програмата на Владата предвидуваат постојано покачување на платите, а покачувањето од 5% во јавната администрација ќе биде пракса и во наредните години.

Во однос на новиот Закон за висока раководна служба, министерот Манчевски информираше дека истиот е во завршна фаза и дека до крајот на месецот ќе биде дел од владина процедура.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form