Сподели:

МИОА и ОБСЕ потпишаа меморандум за соработка, во рамки на конференција за реформа на јавната администрација

Скопје, 5 декември 2019

Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на ОБСЕ, организираа конференција на тема: „Стратегија за реформа на јавната администрација за 2018-2022 – идни предизвици“

На конференцијата се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  и амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Министерот Манчевски подвлече дека главните цели на овој документ се ефикасна и дигитализирана јавна администрација, при што се осврна на  активностите за имплементација на мерките од Акцискиот план.

„Во однос на дигитализацијата реализиравме неколку стратешки приоритети кои се основата за масовна дигитализација на услугите и внатрешните процеси во администрацијата. Веќе го имаме Централниот регистар на население, а следната недела во употреба ќе го пуштиме и Националениот портал за е-услуги. Ги донесовме сите потребни законски акти за воведување на електронскиот идентитет на граѓаните. Од 1-ви јануари во употреба го пуштаме новиот ДМС. Во фаза на евалуација е и новиот ИПА проект за дигитализација на клучните регистри во државата, како  и развој на нови 120 е-услуги. Пред крајот на годината ќе ја промовираме и во јавност големата надградба на ЕНЕР“, истакна министерот Манчевски.

Зборувајќи за Стратегијата и Акцискиот план за реформа на јавната админситрација, министерот се осврна на досегашните реализирани активности, но и потребата од ревизија на дел од мерките.

На скоро две години од усвојувањето на Стратегијата и Акцискиот план, можеме да кажеме дека 76 активности веќе се имплементирани, а 34 се во завршна фаза. Во % ова значи дека 57% предвидени за првата година и половина се реализирани или се реализираат согласно предвидената временска рамка, а 5,6% се реализирани подоцна од предвидениот краен рок“, информираше министерот Манчевски.

Како што рече тој, овие податоци покажуваат дека и покрај посветеноста на МИОА и засегнатите институции, потребно е да се направи ревизија на Акцискиот план, во однос на предвидените активности. Треба да се потенцира дека оваа ревизија не ги става под знак прашалник општите и посебните цели. Тие остануваат исти затоа што беа дефинирани многу претпазливо, и во потполност соодветствуваат на тоа што треба со имплементација на Стратегијата да се постигне. Измените се однесуваат само на динамиката на реализација на активностите.

На конференцијата се обрати и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, кој рече:

„Реформaта на јавната администрација во Северна Македонија, како една од главните приоритети на Владата, треба да резултира со професионални, деполитизирани и вредни административни службеници кои ќе настојуваат да ги задоволат потребите на сите нејзини граѓани, без оглед на нивната позадина. Во овој поглед, јас сум горд на помошта што нашата мисија им ја обезбеди на властите, особено на Министерството за информатичко општество и администрација, што ни овозможи денеска да разговараме за достигнувањата, како и за претстојните предизвици на јавната администрација“.

Во рамки на конференцијата беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МИОА и ОБСЕ, за продолжување на партнерството и соработката во рамки на реформата на јавната администрација.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form