Сподели:

МИОА ја презентираше надградбата на ЕНЕР. Централно место имаат консултациите при креирањето на политики

 

Скопје, 23 декември 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција ја претстави надградбата на ЕНЕР. Фокусот е ставен на консултациите со сите засегнати страни при сите фази на креирање на политики и донесување на закони.

„Можноста што платформата на ЕНЕР ја нуди во изминатите 10 години е од огромно значење за целокупниот процес на консултации и подготвувањето на регулативата. Од тие причини, една од првите работи што МИОА ја направи беше да го зголеми рокот за коментирање на ЕНЕР, со цел обезбедување поголем простор на сите заинтересирани да доставуваат коментари. Ова резултираше со голем пораст на бројот на посети на ЕНЕР, од 90.000 во 2014, на вкупно 2. 360.482 посети до денеска.  И тука не застануваме“, информираше министерот Манчевски, осврнувајќи се на досегашните придбивки од ЕНЕР.

Како што истакна министерот Манчевски, новиот ЕНЕР покрај новиот дизајн нуди и современи и практични модули. До сега беше возможна само комуникација на предлог закони. Со надградбата овозможуваме комуникација и на останатите материјали што институциите ги подготвуваат. Направените измени и надградби овозможуваат граѓаните континуирано да учествуваат во процесот на креирање на политики. Единствено преку транспарентност и учество на засегнатите страни може да се обезбеди ефикасно креирање на политики.

На прес конференцијата се обрати и Гордана Гапиќ Димитровска, од МИОА, која ги претстави новите можности што ЕНЕР ги нуди.

„ЕНЕР сега нуди консултација на други типови документи, како и електронско поднесување на иницијативи. Овој дел ќе овозможи граѓаните и било која друга засегната страна да можат електронски да поднесуваат иницијативи за закони или општи предлози до министерствата. Исто така, од денеска на ЕНЕР се достапни и Форум-тематските дебати. Овој дел овозможува отпочнување на online дискусии важни како за министерствата така и за граѓаните во процесот на креирање на политики“, рече Гапиќ Димитровска.

Дополнинтелно ЕНЕР нуди простор и за граѓанските организации и нивните анализи, кои се во насока на процесот на креирање на политиките.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form