Сподели:

Трибина за дигитализација на јавната администрација во Велес

Велес, 24 февруари 2020

Шестата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата денеска се одржа во Велес. На трибината говореа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Свој осврт даде и д-р. Јасмина Дамјановска,

На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.

Во декември, 2019-та започна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација.

Граѓаните конечно на едно место ќе можат да ги добијат информациите за сите услуги кои ги нудат институциите, сите потребни документи за остварување на своите права, како и временската рамка за добивање на услугите. Како што истакна министерот Манчевски, на порталот достапни се 128 електронски услуги, од кои 58 се нови, а 8.400 корисници се веќе регистрирани и ги користат овие услуги.

Градоначалникот на општина Велес, ги поздрави проектите на Владата во сферата на дигитализацијата и се осврна на услугите кои општина Велес ги нуди за граѓаните. Општина Велес, е лидер во нудење на електронски услуги до граѓаните. На порталот на Општината граѓаните можат во моментов да добијат 47 електронски услуги.

Министерството за информатичко општество и администрација и понатаму ќе продолжи со организација на настани во областа на дигитализацијата. Дигитализацијата е стратешки приоритет на МИОА и на Владата на Северна Македонија, поради што во изминатите две години беа реализирани повеќе мерки и активности, насочени кон дигитализација на услугите и зголемување на транспарентноста на институциите.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form