Сподели:

Министерот Манчевски се сретна со финалистите на проектот „Meet and Code 2019“

Скопје, 26 февруари 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со децата-финалисти од Центарот за едукација и иновативно и учење – СТЕМЛАБ од Тетово. 

Тие се автори на настанот „АМиЗОН“, во рамки на проектот „Meet and Code 2019“, кој беше избран меѓу најдобрите 12 проекти од над 1.200 настани организирани во 25 европски држави, за време на „Европската недела на кодирањето што се одржа од 5 до 20 октомври 2019 година.

Министерот Манчевски ги поздрави финалистите, посакувајќи им среќен пат за Будимпешта и успешна презентација на проектот. Притоа министерот ги истакна придобивките од дигитализацијата и развојот на информатичкото општество, порачувајќи дека развојот на дигитални вештини треба да се поттикнува уште од мали нозе.

Настанот „АМиЗОН“, во рамки на што беше создаден дрон кој треба да помага при лоцирање и справување со пожари, е избран како финалист во категоријата „Кодирај за планетата“, заедно со уште два настани, еден од Германија и еден од Полска, со кои што ќе се натпреварува за првото место. Победникот ќе биде прогласен на завршниот настан на проектот, што ќе се одржи во март 2020 година, во Будимпешта, Унгарија, каде добитникот ќе добие и награда од 2.000 евра.

Проектот „Meet and Code 2019“ беше спроведен од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со „Haus des Stiftens gGmbH“ од Германија и „Techsoup Europe“ а со финансиска поддршка од германската софтверска компанија SAP.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form