Сподели:

МИОА: Извештајот на вработени во јавниот сектор ја прикажува реалната бројка, ДПМНЕ разочаран дека не одговара на нивните лажни проекции

Скопје, 31 март 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, вчера го објави Извештајот на вработени во јавниот сектор за 2019-та година. Извештајот покажува зголемување на бројот на вработени за 832 лица, односно за 0,6%, споредено со 2018-та година.

Бројка, што ДПМНЕ не може да ја прифати затоа што не одговара на нивните лажни проекции и дезинформации за илјадници нови вработени, кои изминатиот период ги пласираа во јавноста.

Денеска, дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, немајќи докази за да ги побие објавените бројки, го критикува временскиот период на на кој се однесува Извештајот. Имено, согласно Законот за вработени во јавен сектор, донесен за време на ДПМНЕ, Извештајот се објавува „најдоцна до крајот на првото тримесечје во тековната година, за претходната календарска година“.

Извештајот објавен вчера, на овој начин се објавува од 2016та година и временската рамка никогаш не била спорна.

ДПМНЕ, продолжува да шпекулира и да презентира селективни информации, но кога од другата страна се соочуваат со анализи и извештаи кои се резултат на законски пропишани правила, единствено што им преостанува се хаотични тврдења.

Дополнително, забораваат дека има вработени кои го напуштаат јавниот сектор и апсолутните бројки мора да бидат резултат на анализа и на новите вработени, но и на лицата кои се пензионираат или доброволно заминуваат во приватниот сектор.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form