Сподели:

Министерот Манчевски дел од Конститутивната седница на Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство

Скопје, 06 мај 2020

Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство-ОВП и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020, денеска одржа конститутивна седница. На седницата се обрати министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, осврнувајќи се заложбите на Владата за отворено партнерство, инклузивност и транспарентност.

Како што рече тој, изминатиот период беше постигнат успех за проширување на оваа иницијатива и во рамките на Собранието. Овој успех е очекувано да биде надополнет во текот на следниот период со приклучување на судството во оваа значајна иницијатива за Отворено Судство со новиот Акциски план за следните две години. Се надеваме дека ќе успееме во ова за да можеме да кажеме дека оваа иницијатива ќе може да ја препознаеме како Партнерство за отворена власт.

„Зборувајќи на тема на судството, не можеме а да не зборуваме и за предизвиците. Судската власт со своето однесување до сега не даваше позитивни сигнали дека има волја значитално да ја зголеми транспарентноста во своето работење. Слично, со чесни исклучоци може да се констатира и за локалната власт. Некаде се работи за немање на доволно информации и свесност, но некаде се работи за немање на волја. Како претставник на централната власт, морам да кажам дека моето мислење е дека овие предизвици граѓаните ги препишуваат како проблем  немање волја од страна на Владата, а тоа не е така. Со оглед на поделеноста на централната од локалната и судската власт, ова е навистина предизвик и ќе треба активно да се работи со овие сектори “, рече министерот Манчевски.

Министерот Манчевски се осврна и на промените кои се неизбежни како одговор на борбата со Ковид-19.

„Нов и неочекуван предизвик е борбата за здравјето, односно борбата со Covid-19. Колку и да користиме технолошки решенија и се обидуваме процесите да не запрат, мора да се подготвиме и за новиот начин на функционирање. Повторно алудирам на новите технологии, кои ни даваат неограничени можности. Но, пак ќе нагласам дека ќе мора да излеземе од сегашното нормално, мора да сме отворени за промени, мора да прифатиме дека работите можеби веќе никогаш нема да се како порано. Наша предност ни е и тоа што сме мала земја, така што мислам дека можеме и полесно да се преструктурираме“, заклучи министерот Манчевски.

Советот за  координација и следење ќе има значајна улога. Ќе има за цел на структуриран начин да го максимизира учеството и соработката помеѓу институциите и граѓанското општество, преку вклучување релевантни партнери во дискусијата и овозможување да се слушнат гласовите на сите.

Седницата ја модерираше извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, а се обрати и Сандра Пернар од канцеларијата за ОВП.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form