Сподели:

ЕК ја потврди клучната улога на апликациите како што е СтопКорона во борба со Ковид-19

Скопје, 07 мај 2020

Државите членки во Европската Унија, поддржани од Европската Комисија објавија официјален документ во кои сенаведени предностите и клучната важност од користење на апликации за следење на контактите на лицата позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новите заразени лица, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот.

На овој начин како што се наведува во документот во време на пандемија уште еднаш се потврдува улогата на технологијата за побрзо враќање на нормалниот тек на живот.

„Апликациите за спречување на ширење на Ковид-19,  доколку се целосно во согласност со правилата на ЕУ, можат да играат клучна улога во сите фази на управување со кризата, особено кога ќе почне постепеното укинување на мерките за социјално дистанцирање. Тие можат да ги надополнат постојните анкетни листови за контактите на лицата позитивни на Ковид-19 и да помогнат во прекинувањето на ланецот на пренос на вирусот“, се вели во соопштението.

Според Комесарката за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес,  „Дигиталните алатки ќе бидат клучни за да ги заштитиме нашите граѓани бидејќи постепено ги укинуваме мерките за седење дома. Апликациите за мобилни телефони можат да нè предупредат за ризиците од инфекција и да им помогнат на здраствените за да ги пробијат ланците на пренос. Треба да бидеме посветени, креативни и флексибилни во нашиот пристап за повторно да ги отвориме нашите држави. Треба да продолжиме да ја намалуваме кривата - и да ја задржиме надолу. Без безбедни и соодветни дигитални технологии, нашиот пристап нема да биде ефикасен “.

Северна Македонија, во контекст на препораките на Европската Комисија, е една од првите држави кои изработија мобилна апликација за спречување на ширењето на Ковид-19,  согласно сите стандарди за заштита на приватноста на граѓаните.

Апликацијата СтопКорона е достапна на: https://stop.koronavirus.gov.mk/

Линк до видеото на ЕК: https://audiovisual.ec.europa.eu/en/video/I-189464?lg=OR&fbclid=IwAR0dUXqudt4qmdqT65hvoZ7Rm0LHJ9DzXN0s7yqO4X3ZceIfK63J0HbobFs

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form