Сподели:

ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР

Адем Авзиу стапува на функцијата државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација во декември 2019 година.

Г-дин Авзиу е дипломиран економист на Универзитетот на Југоисточна Европа,  Насока – Финансии и во моментов постдипломец на истиот.

Од 2018 година бил директор на Сектор за управување со човечки ресурси во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во периодот од декември 2013 година до септември 2018 година работи како советник на директорот во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Претходно, од март 2011 година до декември 2013 година, бил раководител на одделение во Министерство за економија, Државен инспекторат за техничка инспекција.

Од 2011 до 2013 година, исто така бил член на Комисијата за деташман, при Министерство за труд и социјална политика, а во периодот 2013 – 2017,  член на управен одбор во Работнички универзитет – Тетово.

Исто така, државниот секретар Авзиу, во периодот од јули 2009 година до февруари 2011 година, работеше на позиција советник за патни исправи во Министерството за внатрешни работи-СВР Тетово.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form