Битола, 14 октомври 2019 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ги посети учениците од битолското основно училиште „Св.Климент Охридски“ кои го реализираат проектот „Направи робот“. Настанот е во рамки на Неделата на кодирање- Code Week, а е во организација на „Национален центар за развој на иноваци и претприемачко учење“.