Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 25 октомври 2019 година

Почитувани,

Кога зборуваме за развој на е-трговијата, во поширок контекст прво неопходно е да зборуваме за развој на дигитално општество. Од друга страна, за развој на дигитално општество потребна е дигитална инфраструктура, која ќе овозможи пристап до интернет за секој граѓанин.

Скопје, 17 октомври 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска го пушти во употреба Централниот регистар на население. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање.

Скопје, 16 октомври 2019 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска се обратија на настанот во рамките на патувачката училница „Una vita da social“.

Битола, 14 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ги посети учениците од битолското основно училиште „Св.Климент Охридски“ кои го реализираат проектот „Направи робот“.  Настанот е во рамки на Неделата на кодирање- Code Week, а е во организација на „Национален центар за развој на иноваци и претприемачко учење“.

Белград, 08 октомври 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски учествува на четвртата министерска конференција на Кина и на 17 земји од централна и источна Европа, што се одржува во Белград, посветена на соработката во областа на иновациите.

Скопје, 08 октомври 2019 година

Интегрално обраќање:

На денешната Владина седница, Министерството за информатичко општество ги задолжи органите на државната управа и им укажа на институциите кои не се органи на државна управа да спроведат функционални анализи внатре во своите институции.

Скопје, 08 октомври 2019 година

Мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе.

Охрид, 7 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на втората „Тркалезна маса за лидери на високи позиции, посветена на хибридните закани поврзани со информациите“, финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и ко-спонзорирана од Министерството за одбрана на САД.  

Будва, 3 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на панел дискусија на високо ниво што се одржува во Будва, Црна Гора. Целта на настанот е размена на искуства и практични решенија во однос на спроведувањето на процесот на ОВП во земјите во регионот, запознавање со новите трендови преку презентации на регионални иницијативи, како и дефинирање на областите во кои ќе се преземат заеднички мерки во иднина.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form