Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 11 ноември 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција се осврна на последната мерка што МИОА во координација со УЈП, ја спроведе, со цел внес на податоците на вработените во Информациониот систем за управување со човечки ресурси- ИСУЧР.

Во прилог неговото интегрално обраќање:

Скопје, 31 октомври 2019

Во прилог интегралното обраќање на министерот Манчевски:

Во процесот на соочување со проблемите и предизвиците на 21-виот век, иновацијата има клучна улога. Меѓутоа, за иновација се неопходни ресурси. На поединците и на компаниите им треба пристап до ресурси, информации и инфраструктура, но и битна е и соработката со различните сектори. За иновација е потребна силна поддршка од властите, преку обезбедување регулаторна, финансиска и техничка помош. Но, најзначајно за успехот на една иновација се податоците со кои што една индивидуа, фирма, институција или самата држава располага.

Катовице, 29 октомври 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска и утре е во посета на Р. Полска, каде учествува на Европскиот форум за сајбер-безбедност. Тој се обрати на панел сесијата: „Развој на сајбер-безбедноста: Рушење на глобалните препреки во сајбер-безбедноста“.

Скопје, 28 октомври 2019

На третиот Форум за управување со интернет што денеска се одржа во Скопје со свој придонес на темите отворени на форумот, говореа министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и Марјан Забрчанец посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев.

Скопје, 25 октомври 2019 година

Почитувани,

Кога зборуваме за развој на е-трговијата, во поширок контекст прво неопходно е да зборуваме за развој на дигитално општество. Од друга страна, за развој на дигитално општество потребна е дигитална инфраструктура, која ќе овозможи пристап до интернет за секој граѓанин.

Скопје, 17 октомври 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска го пушти во употреба Централниот регистар на население. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање.

Скопје, 16 октомври 2019 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска се обратија на настанот во рамките на патувачката училница „Una vita da social“.

Битола, 14 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ги посети учениците од битолското основно училиште „Св.Климент Охридски“ кои го реализираат проектот „Направи робот“.  Настанот е во рамки на Неделата на кодирање- Code Week, а е во организација на „Национален центар за развој на иноваци и претприемачко учење“.

Белград, 08 октомври 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски учествува на четвртата министерска конференција на Кина и на 17 земји од централна и источна Европа, што се одржува во Белград, посветена на соработката во областа на иновациите.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form