Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Белград, 08 октомври 2019 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски учествува на четвртата министерска конференција на Кина и на 17 земји од централна и источна Европа, што се одржува во Белград, посветена на соработката во областа на иновациите.

Скопје, 08 октомври 2019 година

Интегрално обраќање:

На денешната Владина седница, Министерството за информатичко општество ги задолжи органите на државната управа и им укажа на институциите кои не се органи на државна управа да спроведат функционални анализи внатре во своите институции.

Скопје, 08 октомври 2019 година

Мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе.

Охрид, 7 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на втората „Тркалезна маса за лидери на високи позиции, посветена на хибридните закани поврзани со информациите“, финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и ко-спонзорирана од Министерството за одбрана на САД.  

Будва, 3 октомври 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на панел дискусија на високо ниво што се одржува во Будва, Црна Гора. Целта на настанот е размена на искуства и практични решенија во однос на спроведувањето на процесот на ОВП во земјите во регионот, запознавање со новите трендови преку презентации на регионални иницијативи, како и дефинирање на областите во кои ќе се преземат заеднички мерки во иднина.

Љубљана, 02 октомври 2019 година

Овие неколку дена, во Љубљана се одржува меѓународна конференција за предзвиците во јавната администрација со која се соочуваат земјите од Западен Балкан. Конференцијата ја организира РеСПА (Регионалната школа за јавна администрација), а оваа година домаќин на конференцијата е Министерството за јавна администрација на Република Словенија.

Скопје, 26 септември 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, организираше втора јавна расправа за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. На денешната јавна расправа беше презентирана моменталната состојба, предизвиците при имплементација на овие два закони, како и предлози за аспектите во коишто тие можат да се подобрат.

Скопје 23 септември 2019 година

Почитувани,

Во рамки на заложбите за реформа на јавната администрација, во изминатиот период во широк консултативен процес, Министерството за информатичко општество и администрација, работеше на измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Скопје, 18 септември 2019 година

Деветтиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ РЈА) помеѓу Европската комисија и Северна Македонија се одржа вчера во Скопје, во рамки на Kомитетот за стабилизација и асоцијација.

Со состанокот ко-претседаваа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Дејвид Кален од Генералниот Директорат за добрососедски односи и проширување при Европската комисија.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form