Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 04 септември 2019 година

Од минатата година, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука и во соработка со Фондацијата Метаморфозис, активно ја поддржуваат Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), која се одржува секоја година во октомври на различни локации во повеќе од земји од Европа и пошироко.

Скопје, 26 август 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации во Владата на Р. Србија, Расим Љајиќ, денеска потпишаа Спогодба за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во двете држави.

Скопје, 30 јули 2019 година

Советот за реформа во јавната администрација (РЈА) со која претседаваше премиерот Зоран Заев, вчера попладне во Владата на Република Северна Македонија, ја одржа шестата седница.

Скопје, 19 јули, 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија денеска потпишаа меморандум за соработка во областа на дигитализацијата.

Скопје, 11 јули 2019 година

Во рамки на соработката на Северна Македонија и Обединетото Кралство на полето на сајбер безбедноста, денеска во Скопје се одржува еднодневна експертска работилница за сајбер безбедност. Целта на оваа работилница е воспоставување на конкретни иницијативи за поддршка на процесот на градење на капацитети на полето на сајбер безбедноста, како и зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Брисел, 9 јули 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на првиот состанок посветен на дијалогот ЕУ-Западен Балкан за ИКТ, што се одржува во Брисел.

Состанокот го отвори Еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, а покрај министерот Манчевски меѓу другите учествуваат и ресорните министри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Скопје, 5 јули 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со реализација на мерките утврдени во Националниот оперативен бродбенд план.

Со таа цел, на последната владина седница беше усвоена информацијата за мапирање на јавни институции и локации за бесплатен WI-FI интернет пристап.

Скопје, 2 јули 2019 година

Со цел подобрување на состојбите во користењето на бродбенд услугите како и брзините на истите, Владата го усвои Националниот оперативен бродбенд план – НОБП (2019-2029 година). Целта е да се достигнат брзините и користењето на бродбендот кои постојат во земјите во ЕУ.

Документот беше доставен на коментар до ЕУ и добиен е позитивен извештај за истиот.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form