Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 19 јули, 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија денеска потпишаа меморандум за соработка во областа на дигитализацијата.

Скопје, 11 јули 2019 година

Во рамки на соработката на Северна Македонија и Обединетото Кралство на полето на сајбер безбедноста, денеска во Скопје се одржува еднодневна експертска работилница за сајбер безбедност. Целта на оваа работилница е воспоставување на конкретни иницијативи за поддршка на процесот на градење на капацитети на полето на сајбер безбедноста, како и зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Брисел, 9 јули 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на првиот состанок посветен на дијалогот ЕУ-Западен Балкан за ИКТ, што се одржува во Брисел.

Состанокот го отвори Еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, а покрај министерот Манчевски меѓу другите учествуваат и ресорните министри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Скопје, 5 јули 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со реализација на мерките утврдени во Националниот оперативен бродбенд план.

Со таа цел, на последната владина седница беше усвоена информацијата за мапирање на јавни институции и локации за бесплатен WI-FI интернет пристап.

Скопје, 2 јули 2019 година

Со цел подобрување на состојбите во користењето на бродбенд услугите како и брзините на истите, Владата го усвои Националниот оперативен бродбенд план – НОБП (2019-2029 година). Целта е да се достигнат брзините и користењето на бродбендот кои постојат во земјите во ЕУ.

Документот беше доставен на коментар до ЕУ и добиен е позитивен извештај за истиот.

Скопје, 1 јули 2019 година

Граѓаните на Северна Македонија од денеска, при секое патување во земјите од регионот, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС пораки да добиваат повици и примаат повици за цени пониски дури и до 99%. Ова денеска го најави министерот за информатичко општество и администрција Дамјан Манчевски.

Скопје, 27 јуни 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers“, по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен  FIRST LEGO League настан, кој се одржа во Либан. Станува збор за натпревар во едукативна роботика кој се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.

Скопје, 26 јуни 2019 година

Северна Македонија со поддршка на Меѓународната унија за телекомуникации- ITU, е домаќин на тридневна работилница за сајбер безбедност.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form