Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 05 февруари 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски,  денес учествуваше на панел дискусија во рамки на настанот „Недела на интегритет во Скопје. Национален настан на ICC за интегритет и антикорупција 2020“.

Белград, 03 февруари 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на конференција посветена на дигитализацијата во Белград, насловена како: „Дигитална соработка: Трансформација на Владите“.

Скопје, 31 јануари 2020

Согласно усвоениот модел за следење, известување и оценување, утврден во наративниот текст на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 година, а врз основа на извештаите за степенот на имплементација и наодите. МИОА направи ревизија на Акцискиот план на Стратегијата за РЈА.

Тетово, 27 јануари 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, продолжи со организација на повеќе настани во областа на дигитализацијата.

Во Тетово се одржа втората јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“, на која се обратија министерот Дамјан Манчевски и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, потоа проф. Азир Алиу како претставник на академската заедница и Бобан Милосавлески од бизнис заедницата.

Лондон, 22 јануари 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на Светскиот образовен форум што се одржува во Лондон, од 19 до 22 јануари.

На маргините на форумот, министерот Манчевски учествуваше на трибината: „Дигитални вештини: трансформација во една генерација“, на чиишто сесии се разговараше за образованието во 21-от век, за училиштата и современите наставни програми, како и за Берлинскиот процес.

Скопје, 17 јануари 2020

Продолжуваат инклузивните консултации и работните средби со сите засегнати страни, за трансфер вработените од јавниот во приватниот сектор, како дел од сеопфатниот проект за реорганизација на јавната администрација. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа работен состанок со претставниците на сите стопански комори во нашата земја, како и со претставници од синдикалните здруженија.

Штип, 16 јануари 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, започна со организација на повеќе настани во областа на дигитализацијата.

Скопје, 15 јануари 2020

Имплементацијата на двогодишниот ИПА проект “Поддршка за реорганизација на јавната администрација”, започна во ноември 2019та година.  

Скопје, 09 јануари 2020

На втората седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 08.01.2020 година, е  усвоена Информација за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, поднесена од страна на   Министерството за информатичко општество и администрација.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form