Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 23 мај 2019 година

Автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност од страна на Собранието на Република Северна Македонија ќе даде силен поттик за домашните и странски компании од информатичко-комуникациската индустрија и понатаму да продолжат со инвестиции и отворање нови работни места.

Скопје, 23 мај 2019

Министерството за информатичко општество и администрација, денес организираше работна средба со офицерите за отворени податоци од органите и институциите од јавниот сектор.

Скопје , 22 мај 2019 година

- Реформи во насока на намалување на невработеноста кај младите, подобро поврзување на домашните компании во меѓународните синџири на вредности и намалување на сивата економија, беа дискутирани на панелот на Конференцијата од високо ниво за почеток на подготовката на Програмата за економски реформи 2020-2022...

Скопје, 21 мај 2109 година

Петтата седница на Советот за реформа во јавната администрација, се одржа денеска во Владата на Република Северна Македонија. Со седницата претседаваше премиерот Зоран Заев.

На седницата беше усвоен Записникот од претходната седница на Советот и согласно воспоставената пракса Министерството за информатичко општество и администрација ќе го објави на својата веб страница.

Скопје, 20 мај 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на 11-тата конференција за човечки ресурси, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Како што подвлече министерот Манчевски, управувањето во човечкиот и интелектуалниот капитал, е од голема важност за следење на глобалните процеси и трансформацијата.

Скопје, 14 мај 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на Pantheon Конференција 2019, во рамки на панел сесијата посветена на дигитализацијата во Северна Македонија.

Министерот Манчевски се осврна на проектите на кои работи Министерството за информатичко општество и администрација, а кои се во контекст на дигитализација на процесите и овозможување на пристап до услугите што ги нуди администрацијата, за сите граѓани.

Скопје, 13 мај 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска организираше јавна расправа на која беше презентиран Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022. На јавната расправа се обрати заменик министерот Александар Бајдевски.

Лондон, 10 мај 2019 година

Процесите и практиките за планирање и воспоставување клучни индикатори за успешност во секторските институции, отчетноста во институции од ист сектор во однос на исполнување на заеднички секторски цели и воспоставување критериуми за селекција и мерење на учинок на високото раководство, беа главните теми на студиската посета во Лондон Велика Британија на којашто учествуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и државната секретарка на СЕП, Калинка Габер.

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација, Ве кани на јавна расправа и презентација на Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.

Настанот ќе се одржи во Клуб на пратеници на 13-ти мај 2019 од 11:00 часот.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form