Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 12 јуни 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ја отвори конференцијата на тема: „Модерно планирање и буџетски системи во дигитална средина“. Во своето обраќање министерот Манчевски се осврна на важноста од дигитализацијата за развој на економијата, а со тоа и за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Скопје, 10 јуни 2019 година

Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите, денеска официјално се отвори во Скопје. Оваа тридневна конференција годинава е на тема: „5G и понатаму“ (5G and Beyond), како предвесник на технологијата што ќе ја одбележи наредната декада. Иницирана од група еминентни научници, конференцијата прераснува во собир на релевантни истражувачи и се стреми да го доближи технолошкиот моментум и да го намали информативниот процеп помеѓу развиените земји и Балканскиот регион.

Охрид, 5 јуни 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на меѓународната годишна конференција за сајбер безбедност што се одржува во Охрид. Дводневната конференција е во организација на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT и Агенцијата за електронски комуникации, со цел да се подобри соработката и размената на информации од областа на сајбер безбедност меѓу CIRT тимови од Југоисточна Европа, оператори на критична информациска инфраструктура, организации од јавниот и владиниот сектор, и меѓународни ИКТ компании.

На 26-28 јуни 2019 година Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде домаќин на Регионалната Европска работилница на тема „Национални стратегии за сајбер безбедност“ која ја организира  Меѓународната унија за комуникации (International Telecommunication Union), во соработка со Центарот за управување со безбедносниот сектор Женева (DCAF).

Охрид, 04 јуни 2019 година

Со промените во регулативата на коишто се работи во моментов ќе се стимулираат значајни унапредувања на пазарот на платежни услуги во земјава.

Отава, 01 јуни 2019 година

„Отворена влада и испорака на услуги: Дали пропуштаме можност да дејствуваме?” беше темата на годинешниот Самит за отворено владино партнерство, организиран од претставници на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) заедно со претставници од Северна и Латинска Америка.

Отава, 31 мај 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваше на Глобалниот самит за отворено владино партнерство што се одржува во Отава, Канада.

Отава, 30 мај 2019 година

На отворањето на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство, присуствуваа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Самитот оваа година се одржува во Отава, Канада, а во следните два дена се очекува присуство на високи претставници од влади и граѓански организации од целиот свет.

Скопје, 23 мај 2019 година

Автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност од страна на Собранието на Република Северна Македонија ќе даде силен поттик за домашните и странски компании од информатичко-комуникациската индустрија и понатаму да продолжат со инвестиции и отворање нови работни места.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form