Сподели:

Трајните дозволи за движење што ги издаде МИОА продолжуваат да важат. Процедурата за нови дозволи останува иста

Скопје, 04 јуни 2020

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека претходно издадените дозволи за движење кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на викендот, односно од 05ти заклучно до 07ми јуни.

За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола.

Во категорија на дозволи кои што ги издава МИОА се опфатени:

•       Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Влада на Република Северна Македонија

•       Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен

•       Вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие

•       Дежурни вработени во погребални претпријатија

•       Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

•       Регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз

•       Ловочувари во регистрирани здруженија, ЈП, национални паркови

* Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk. Во прилог видео материјал со кратко упатство за аплицирање за дозвола.

** Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени

*** Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата

 

Во прилог линк до видео со информации за тоа како се добива дозволата!

Во прилог линк до видео со информации за тоа како се добива дозвола - нега на трето лице!

МИОА не дава дозволи за движење на приватни фирми.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form