Сподели:

Во инклузивен и транспарентен процес 40 граѓански организации добија финансиска поддршка за проекти посветени на КОВИД-19

Скопје, 17 јуни 2020

Во инклузивен и транспарентен процес Владата на  Северна Македонија со одлука за распределба на финансиски средства обезбеди финансиска поддршка на здруженија и фондации за реализација на мерки за справување со КОВИД-19. На овој начин се доделија средства за реализација на 40 проекти на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари.

Комисијата за распределба на финансиските средства ја сочинуваат пет членови кои доаѓаат од Владата, односно Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (претседател), Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.

Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на процесот на распределба, во составот на Комисијата се именувани и два члена на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, односно Уранија Пировска и Јане Чаловски.

На овој начин, за првпат во Комисијата членови од граѓанскиот сектор имаа рамноправна улога и еднаква позиција во носењето на одлука за избор проектите кои беа финансиски поддржани.

Овие членови, беа избрани на предлог на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор.

Комисијата формираше Оперативно тело во кое членуваат претставници од институциите чии раководители се дел од Комисијата, кои се задолжени за оценување на апликациите. Имајќи го во предвид големиот број на пристигнати апликации-549, од една страна, и кратките рокови од друга, во секоја од овие институции беа ангажирани лица кои помагаа при оценувањето. На овој начин во оценувањето беа вклучени околу дваесеттина лица.

Секој од оценувачите независно даваше оценка за секоја од пристигнатите апликации, по што се доби просечна оценка. На овој начин, беше направена ранг листата на проекти.

Комисијата за распределба на финансиски средства иако свесна за кратките рокови, сепак поради потребата да им се помогне да граѓанскиот сектори и да се поддржат проекти кои придонесуваат за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, одлучи да го објави повикот. Внимателно беа избрани областите во кои се изработени проектите, со цел да се помогне на најпогодените и ранливи категории на граѓани. Од избраните проекти може да се заклучи дека се поддршуваат активности кои помагаат на лица со посебни потреби, жени од рурални средини, лица од социјално ранливи категории, жртви на семејно насилство... Дополнително, се поддржани проекти кои помагаат на здравствените работници, а обезбедуваат и дигитални платформи за учење и поддигнување на јавната свест за справување со КОВИД-19. 

Другата опција беше воопшто да не обезбеди помош и овие проекти да пропаднат.

Праксата на поддршка на работата на граѓанските организации ќе продолжи и по завршување на пандемијата, во области кои се од важност за сите категории на граѓани.

Во прилог и линкот со одобрените проекти:

https://www.nvosorabotka.gov.mk/sites/default/files/Odluka%20COVID%2019_6.pdf

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form