Сподели:

Започна со работа центарот „Една точка за услуги“ во Тетово

Тетово, 22 јуни 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар Адем Авзиу, денеска го промовираа центарот „Една точка за услуги“, во Тетово.

Како што подвлече министерот Манчевски, станнува збор за трансформација на поранешниот Интернет клуб во целосно нов и функционален простор за сите граѓани.

„Овој простор е место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk. Граѓаните кои ќе имаат проблем сами од својот дом да се регистрираат на порталот тука ќе можат да го направат тоа. Дополнително, со помош на Каталогот на услуги, вработените тука ќе можат да ги дадат информациите потребни за добивање на секоја од 761 услуга објавена на порталот“, рече министерот Манчевски.

На порталот во моментот се достапни 136 електронски услуги, а овој број постојано ќе се зголемува. Во завршна фаза се активностите за дигитализација на уписот на дете во градинка, упис во училиште, како и дигитализација на дел од услугите кои ги нуди МВР.

Концептот на Една точка за услуги веќе успешно функционира во Скопје, а започнат е и процесот во Охрид и Куманово. Идејата е во сите градови по примерот на Тетово, постоечките интернет клубови да се претворат во место кое ќе служи како сервисна и регистрациона точка на граѓаните.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form