Сподели:

Награди за јавната администрација во Западен Балкан за 2020 година – Отворен повик!

Скопје, 08 јули 2020

РеСПА и ОЕЦД/СИГМА ги повикуваат иницијативите за управување во земјите од Западен Балкан кои демонстрираат приспособливост и успешен одговор на кризата предизвикана од COVID-19 да аплицираат!

Институциите од јавниот сектор кои демонстрираат инспиративни практики, иницијативи, услуги и мерки како одговор на кризата предизвикана од пандемијата на COVID-19 се поканети да аплицираат на Наградите за јавната администрација, уникатен подвиг на Респа и на ОЕЦД/СИГМА!

РеСПА и ОЕЦД/СИГМА го започнаа подвигот наречен Награди за ЈА, стремејќи се кон истакнување на најефективните и најефикасните практики меѓу властите во земјите од Западен Балкан.

Поради пандемијата, властите беа принудени да бидат инвентивни и подготвени ефективно да се справат со прашањата поврзани со јавното здравје, јавните услуги и економијата. Наградите ги потенцираат заложбите на властите со кои се унапредуваат, промовираат и зацврстуваат иновативните, ефективните, инклузивните и приспособливите алатки и системи со кои јавните администрации на земјите од Западен Балкан  се справуваат со вонредни ситуации.

Кој може да аплицира/да биде номиниран?

Идеален кандидат за Наградата е институција од јавниот сектор на национално ниво од која било членка на РеСПА (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија) и Косово*. Исто така, институциите од јавниот сектор на субнационално и на локално ниво можат да аплицираат доколку имаат докажана поврзаност со институција од јавната администрација на национално ниво (на пр. соработка/партнерство/пренос на знаења). Во случај на јавно-приватни партнерства, водечкиот номиниран кандидат мора да биде институција од јавниот сектор. Поединци не можат да учествуваат во наградите.

*Оваа ознака не е во спротивност со ставовите во однос на статусот, а е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации и со Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата за независнот на Косово

Дополнителни информации за Правилата за натпреварот се достапни на следниот линк

Како се аплицира?

За да аплицираат за Наградите за јавната администрација (НЈА), кандидатите треба да ги достават своите апликации на платформата за натпреварот НЈА.

Дополнителни информации за Водичот за аплицирање се достапни на следниот линк.

Процес на евалуација спроведен од Меѓународно жири

Целиот процес ќе го спроведува Меѓународно жири на експерти, составено од признати меѓународни експерти (претставници на РеСПА или независни експерти избрани од РеСПА, и претставници на ОЕЦД/СИГМА или/и експерти назначени од ОЕЦД/СИГМА).  

Дополнителни информации за Насоките за евалуација се достапни на следниот линк.

Временска рамка

  • 1 – 24 јули 2020 година: Отворен повик за аплицирање за Наградите за ЈА
  • 1 – 24 јули 2020 година: Отворен повик за ангажирање оценувачи
  • 24 – 31 јули: Административна проверка од Секретаријатот (РеСПА)
  • 1 - 21 септември 2020 година: Процес на евалуација на Наградите за ЈА - оценувачи
  • 21 септември - 16 октомври 2020 година: Ангажирање жири и финализирање на процесот
  • ноември 2020 година: Церемонија за доделување награди за ЈА

Најдоцна до 24 јули 2020 година, номинирајте ги вашите успешни и инспиративни иницијативи со кои се справувате со пандемијата на COVID-19 или со друга криза.

На сите кандидати им посакуваме многу успех!

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form